Од денес нови правила на ЕУ: Дознајте колку пари можете да пренесете преку границата

евра
Евра / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.

Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ стапуваат на сила денес, при што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе во валута или еквивалент во други валути, како и други сретства за плаќање како што се патнички чекови или меници.

Европската комисија наведува дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите на финансирање тероризам.

Од утре во ЕУ ќе се применуваат голем број измени, што дополнително ќе ги заостри правилата и уште повеќе ќе го отежни движењето на големи количини на „неоткриени“ пари.

Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе биде проширена и сега вклучува златници и одредени други златни артикли. Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.

Царинските власти сега исто така може да побараат да се направи декларација кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба со пошта, стока или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националната единица за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина што може да се искористи за финансирање на нелегални активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот