Од 18 часот денеска започнува блокадата на Цементарница

Од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најавија дека денеска во 18 часот ќе има граѓанска блокада на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.

ВИДЕО | Густа магла во главниот град: И утрово Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

Од иницијативата велат дека протестот е одговор на, според нив, долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.

Според нив, проблемот со години се одвива со знаење и толеранција од страна на институциите, наместо со соодветна заштита на јавното здравје.

Граѓани велат дека откако е најавен протестот, оџаците на Цементарница не работат со „полна пареа“

„Кога УСЈЕ работи на најјако, нормално Скопје не се гледа! Денеска ќе има штрајк, оџаците исклучени и Скопје е преубаво“, вели жителка на Кисела Вода.

Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното загадување и труење на жителите на градот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот