Очевидец ги раскажа моментите по експлозијата во Подгорица

Црногорска полиција/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорец кој случајно се нашол во близина на експлозијата пред зградата на Основниот суд во Подгорица за „Вијести“ изјавил дека слушнал „дека нешто експлодирало“, но најпрво не бил сиугрен што се случло.

„Бевме во кафуле што се реновира. Седевме, дојде камион да ја растовари робата. Нешто како да се скрши, мислевме дека паднала рампата од камионот. Една жена почна да плаче, тоа го видовме”, рекол тој очевидецот.

Тој додаде дека на местото веднаш излегле припадници на полицијата и екипи на брзата помош.

Триесет и деветгодишниот Младен Булатовиќ загинал откако активирал рачна бомба на влезот во Основниот суд во Подгорица.

Според истите информации, во експлозијата на бомба се повредени пет лица, од кои едно потешко.

ВИДЕО: Еден загинат во експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот