Очајна мајката на 4 годишното момче што го растргнаа ротвајлери се прости од своето чедо: Мама те сака, најголем мамин бисеру, секогаш си срцето на моето срце

Мартина Б, мајката на четиригодишното момче Д.Б. од Сента, Србија, кое во вторникот по неговиот роденден го растргнаа два ротвајлери во дворот на семејната куќа, се прости од своето чедо. Таа утрово, скршена од болка, на социјалните мрежи објави потресни зборови, пренесоа српските медиуми.

„Секогаш ќе те гушкам, секогаш ќе те галам пред спиење, секогаш ќе трчаме по дома, секогаш ќе играме фудбал, секогаш ќе играме среде соба, секогаш ќе гледаме ’Boss Baby‘, секогаш ќе се смееме и ќе врескаме од среќа, секогаш ќе се возиме со автомобил, секогаш ќе ја јадеме твојата омилена пица, секогаш ќе си ги држиме рацете пред спиење, секогаш ќе ти купувам автомобили, секогаш ќе одиме во твојата омилена продавница, секогаш ќе ги прелистуваме твоите омилени книги, секогаш ќе готвиме … Секогаш ќе им трчаш на луѓето во прегратка, секогаш ќе ги бакнуваш луѓето трипати, дури и во чело, секогаш ќе трчаш, секогаш ќе си играш со омилените автомобили, секогаш ќе играш фудбал … Засекогаш!!! Мама те сака, најголем мамин бисеру, секогаш си срцето на моето срце, душата на мојата душа, секогаш си силата поради која се борам, секогаш си најубавиот на мајка, секогаш си најубавата насмевка, секогаш си сè што може да биде засекогаш. Синче мое, единствено дете мое, ти си секогаш тука со мене и мама те чувствува и те сака засекогаш најмногу на светот“, напиша мајката.

Трагедијата се случила во вторникот околу 21 часот, кога мажјак и женка ротвајлери одеднаш го нападнале 4-годишното дете во дворот на семејната куќа во Сента, на северот на Србија.

ВИДЕО | Трагедија во Србија: Крволочни ротвајлери растргнаа четиригодишно дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот