ВИДЕО | Трагедија во Србија: Крволочни ротвајлери растргнаа четиригодишно дете

Српската јавност е во шок по трагичниот настан што се случи во градот Сента, на северот на земјата, каде две домашни кучиња смртно искасаа четиригодишно момче. Трагедијата се случила само еден ден по неговиот роденден.

Според изјавата на мајката, Мартина Б., таа му кажала на момчето да ја затвори капијата, кога двата ротвајлери, кои биле затворени во боксови, се вознемириле, излегле од затворените живеалишта и го нападнале детето. Мајката се обидела да го заштити, но и таа била искасана од разјарените кучиња, велат извори од истрагата, пренесоа српските медиуми.

Настанот што ја зави земјата во црно се случил кога во куќата дошол доставувач на пица, што мајката на детето ја нарачала за да го чести по повод роденденот. Сè уште не се познати сите околности на трагедијата.

Мајката повикала брза помош, детето било пренесено во болница, но набргу починало од тешките повреди. По трагедијата крволочните кучиња, мажјак и женка, се успани, како и трето куче, доберман, кој не учествувало во нападот.

Српските медиумите потсетуваат дека често се случуваат напади на агресивни кучиња и досега имало повеќе случаи кои завршиле со смртен исход.

Минатата година, во Панчево беше снимен напад на ротвајлер врз дете кое се шеташе со својата баба. Тогаш а за среќа немаше потешки последици, во голема мера поради присебноста на жената која го шеташе кучето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот