Стојанче Јовановски, фото Слободен печат Драган Митрески
Стојанче Јовановски, фото Слободен печат Драган Митрески

Обвинителството пушти видео од Ивана во судницата: плаче додека Стојанче ја снима и се смее откако ја тепал

Обвинителството во судница презентираше видеоснимка од Ивана Јовановска, чиј живот заврши со пад од балкон со шестгодишната ќерка Катја на 2 март годинава, по долготрајно психичко и физичко малтретирање од сопругот Стојанче Јовановски.

Стојанче Јовановски е обвинет дека ја навел на самоубиство сопругата со која биле во бракоразводна парница, дека долг период психички и физички ја малтретирал, ѝ нанел повреди при вршење семејно насилство и ѝ ја загрозил сигурноста.

Првата снимка, од телефонот на Јовановски, која беше презентирана пред судот, е од 10 февруари годинава. Тој ја снимал Ивана непосредно откако таа го пријавила на 112 за семејно насилство.

На записот се гледа Ивана Јовановска како стои во ходникот пред вратата од нивниот стан, каде што живееле, и таа разговара со Стојанче Јовановски со прекрстени раце, како да се брани, плачејќи. Јовановски цело време ја снима со нејзиниот мобилен телефон додека таа го моли: „Не ме удирај веќе“, се држи за главата и плаче. Стојанче одговара: „Добро, не те удирам“.

Ивана повторно плаче и му вели: „Зошто ме удираш, зошто ме удри, ајде кажи ми?“. Стојанче на снимката се смее. Ивана повторно му вели: „Зошто ме удри?“ и со левата рака се држи под пазувата кај бубрезите. Стојанче на снимката се обидува со раката да ја отвори вратата пред која стои Ивана и се смее, ја исмева Ивана и ја имитира со зборовите: „Еве кај ме удри“. На снимката Ивана му кажува дека го пријавила за семејно насилство, кажува дека ја удрил по главата и плаче.

Во еден момент Ивана на снимката му се обраќа на Стојанче со зборовите: „Дрогата ти го исуши паметот, се утепа од дрогирање, со дрога во гепек те фатија, глумиш дека не е твоја зашто не ти се оди во затвор“.

На тоа, Стојанче ја обвинува сопругата дека заедно со Мартин Саздов ја подметнале дрогата во неговиот автомобил. Тој во текот на видеото ја навредува Ивана со најдолни зборови.

Нови снимки во судница: Стојанче Јовановски кај Кривичниот суд ја тепа Ивана со шлаканици, два часа пред самоубиството

Нови снимки во судница: Стојанче Јовановски кај Кривичниот суд ја тепа Ивана со шлаканици, два часа пред самоубиството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот