Фото: Министерство за здравство

Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници

Основното Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција – Скопје покренало истрага за сите модуларни болници во земјава, дознава „Слободен печат“.

Од наши лекарски извори дознаваме дека ниту модуларната болница во Велес нема технички прием за работа со пациенти. И таа, како и сите модуларни болници, е изградена врз основа на посебен закон според кој обврска за технички преглед на готовиот објект нема. За готовите објекти било вршено само примопредавање.

-Во интерес на истрага покрената од Основното Јавно обвинителство не сме во можност да дадеме било какви информации во врска со модуларната болница во ЈЗУ Општа Болница Велес, стои во одговорот на нашето прашање дали болницата работи без технички прием.

Претходно и раководителот на ковид-центарот во Тетово информираше дека модуларната болница што  изгоре во пожарот е пуштена во употреба без технички прием, што е спротивно на тврдењето на Министерството за здравство дека модуларните болници се пуштени во употреба со уреден технички прием.

Модуларната болница во Тетово имала технички прием

Русковска ја бара целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот