Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Русковска ја бара целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници

Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска издала наредба до Бирото за јавни набавки за да ја добие целокупната документација за 19-те изградени модуларни болници во земјава, откако министерот за здравство Венко Филипче ги повика истражните органи да ги истражат јавните набавки.
Ова е сосема одделна истрага од онаа што го вршат петтемина основни јавни обвинители кои уште вршат увид по синоќешната катастрофа во Тетово.
Министерството за здравство и инвеститорите денеска преку соопштенија гарантираа дека сè е изградено по проект, по највисоки медицински и безбедносни стандарди.
Филипче рече дека поставувањето на центрите е под строга контрола и во согласност со Светска банка која го поддржа проектот и апелираше да не се создава недоверба кон модуларните болници кои спасуваат животи во ковидкризата.
„Оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата на монтажните Ковид-центри, се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет“, кажа денеска компанијата „Брако“ која е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
10мин
-
16мин
-
24мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5