Фото: Pexels / Anna Shvets

Обвинителството оформи предмет за транспортот на мозочно ткиво од починати луѓе во САД

Јавното обвинителство соопшти дека врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, по допрен глас оформило предмет поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епстин, по кои се актуализираше проект од пред 30 години за транспортирање примероци од мозочно ткиво од починати луѓе од Македонија во САД, за научно-истражувачки цели.

„Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност“, велат од ОЈО.

„Предметот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое треба да преземе дејствија на прибирање официјални информации од надлежните органи, институции и здравствени установи, во насока на утврдување на евентуално нелегално постапување со човечки ткива и биоматеријали, пропусти или злоупотреби при добивање дозволи и согласности“, се додава во соопштението.

Мозоци на починати Македонци со психијатриска дијагноза, како чекиран багаж биле транспортирани на комерцијални летови во САД и Канада за медицински истражувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот