Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Обвинителството изврши увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден е повреден

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази.

– Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот малку подоцна почина. Издадени се итни наредби за обезбедување докази и МВР постапува за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на настанот – се вели во соопштението од Обвинителството.

Претходно, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиениот турски државјанин,  кажа дека во инцидентот е тешко телесно повредено уште едно лице и оти двајцата добиле повреди од остар нож.

– Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментално лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега – сите се странски државјани, рече Тошковски.

Убиен турски државјанин во Старата Чаршија, убиецот е во бегство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот