Фото: МИА / архива

Убиен турски државјанин во Старата Чаршија, убиецот е во бегство

Еден турски државјанин е убиен со нож, а друг се бори за живот по крвава пресметка пред угостителски објект во Старата скопска чаршија.

Ова се случувало ноќеска за време на новогодишната ноќ во Скопје, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски.

„На 1.1.2026 година во 1.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што 2 лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле со повреди од остар предмет А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 1.30 часот лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Во врска со убиениот турски државјанин, тој кажа дека во инцидентот е тешко повредено уште едно лице и дека двајцата добиле повреди од остар нож.

„Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментно лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега, сите се странски државјани – рече Тошковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот