Облечете папучи и „Седете дома” 

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори“ велат организаторите на овој настан.

Уметничката акција „Седете дома” е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.

„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација.

Со оваа акција како и со претходната акција („Држете растојание”) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка, но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори“ велат организаторите на овој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот