Објавени документи како Максвел, девојката на озогласениот милијардер Џефри Епстин подведувала малолетничка на проституција (ВИДЕО)

Џефри Епстин / Гислејн Максвел

Кога Жислејн ми велеше да одам да масирам, тоа значеше секс“, се зборовите на Вирџинија Џуфри, која во времето кога заминувала на островот била малолетна и имала 16 години.

Објавени се судски документи во кои Вирџинија Џуфри, жртва на Џефри Епстин, во 2016 година го опиша злоставувањето од страна на богаташот, но и неговата соработничка Жислејн Максвел.

Жртви на Џефри Епстин, меѓу кои и Вирџинија Робертс Џуфри (најдесно) изгледуваат од федералнот суд во Њујорк по судењето за озогласениот сексуален предатор и милијрдер / 27 август 2019 /  EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Жуфре уште претходно рече дека Максвел ја регрутирала како тинејџерка и ѝ наредувала да има сексуални односи со многу мажи, меѓу кои бил и принцот Ендру, објави Си Ен Ен.

Жислејн (Гислејн) Маквел во 90тите / Фото: Profimedia

Жуфре во текот на споменатата изјава наведе, покрај Епстин, имиња на уште неколку мажи со кои ја поврзала Максвел. Меѓу нив се наоѓа и принцот Ендру, поранешниот гувернер на Ново Мексико Бил Ричардскон, маж кој го опиша како „друг принц“ и лице за кое ѝ рекла дека е сопственик на „голем хотелски ланец“.

Ако оваа жена прозбори, ќе се тресе сè од Вашингтон до Бакингемската палата: Кој сè е во „црната книга“ на Епстин?

„Ете, ви реков се што моментално знам. Жал ми е. Ова многу ми паѓа тешко и фрустрирачки. Не се сеќавам на сите луѓе. Ме праќаа кај разни луѓе“, му рече Џуфри на адвокатот.

Принцот Ендру и озоголасениот милијардер и сексуален предатор Џефри Епстин

Исказ за Бил Клинтон

Во судските списи стои дека Максвел и нејзиниот адвокат ја прикажале Џуфри како неподобен сведок, укажувајќи на грешки во некои датуми и бројки кои ги навела. Принцот Ендру и Ричардсон исто така ги негираа обвинувањата, а поради скандалот, принцот Ендру се повлече од кралските должности.

Принцот Ендру и Жислејн Максвел на забава / Рани 2000ти / Фото: Профимедиа

Џуфри во текот на исказите во 2016 година рече дека примила исплата за фотографијата на која е сликана со принцот Ендру која подоцна е објавена во бројни медиуми. Исто така рече дека многу пати летала со хеликоптер, со кој управувала Максвел, на приватниот остров на Епстин на Карибите.

Принцот Ендрју, Вирџинија Робертс Џуфри и и  Жислејн (Гислејн) Максвел / Profimedia

Во текот на исказите го коментираше и интервјуто кое го дала во 2011 година во кое наведува дека Максвел тврдела дека на островот го носела и поранешниот претседател Бил Клинтон.

„Жислејн ми рече дека долетала со Бил Клинтон. А Жислејн сакаше да зборува за работи кои звучат неверојатно. Било да е вистина или не, тоа го раскажав во интервјуто со Шерон Чурчер“, изјави Жуфре и додаде дека забележала како Чурчер погрешно ја сфатила нејзината приказна, но не се обидела да ја поправи.

И Бил Клинтон го посетувал „Островот на оргиите“: Поранешен соработник на Епстајн тврди дека познати личности доаѓале

Џуфри рече и дека тогаш го прашала Епстин што Клинтон прави на островот.

„Се сеќавам дека го прашав Џефри што прави Бил Клинтон тука. Тој само се насмеа на тоа и ми рече дека му должел. Никогаш не ми рече за каква услуга се работи. Не знаев ни дали е сериозен или се шегува зошто често зборуваше дека сите му должат услуги“, рече наводната жртва на Епстин и додаде дека во тоа време на островот била Максвел и други девојки.

Клинтон и Максвел пред приватниот авион на Епстајн/Profimedia

Треба да се напомене дека Џуфри претходно изјави дека го видела и Клинтон на островот, што беше негирано од негова страна.

Бил Клинтон и Жислејн Максвел позираат заедно за објектив како што се подготвуваат да полетаат при огромниот приватен авион во сопственост на озогласениот сексуален предатор Џефри Епстин. MEGA / The Mega Agency / Profimedia / *PREMIUM EXCLUSIVE*.

Максвел ја испраќала да „масира“ различни мажи

Џуфри во исказот опишува како Максвел ја праќала да има секс со различни мажи под шифра „давање масажи“.

„Кога говореа за масажи, мислеа на еротични масажи. Тоа беше нивен израз за тоа. Мислам дека има многу други сведоци кои може да потврдат како таа масажа всушност изгледала. Кога Жислејн ми велеше да одам да масирам, тоа значеше секс“, рече Џуфри, која во времето кога заминувала на островот била малолетна и имала 16 години.

КУЌА НА СТРАВ И УЖАС: Еве како изгледала рацијата на луксузниот имот на педофилот милијардер! (ВИДЕО)

Во новообјавените документи исто така се наоѓа и имејл преписката меѓу Максвел и Епстин од 2015 година, во која Епстин се жали на негативниот публицитет.

ВО СВОЈОТ ДОМ: Брутално застрелани синот и сопругот на судијката која пред пет дена презема случај за озлогласениот Џефри Епстин (ФОТО+ВИДЕО)

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА СЕКС-РОБИНКА НА ЕПСТАЈН: Скокнав во море полно со ајкули за да се спасам од него! (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот