Објавени 95.000 фотографии од имотот на Епстин – меѓу нив и слика од кондоми со ликот на Трамп, на кои пишува „Јас сум голем!“
На објавените фотографии од имотот на Џефри Епстин се гледа и Доналд Трамп со шест жени, а други слики ги прикажуваат Епстин со Стив Бенон, Бил Клинтон и со Гислејн Максвел, како и Бил Гејтс со поранешниот принц Ендру.
Демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом во петокот објавија фотографии од имотот на Џефри Епстин, на кои се гледаат бројни моќни личности од кругот на починатиот сексуален трговец, меѓу кои претседателот Доналд Трамп, поранешниот претседател Бил Клинтон, Стив Бенон, Бил Гејтс, Ричард Бренсон и други, објави „Си-ен-ен“.
Препорачано
Многумина од овие луѓе и претходно биле поврзувани со Епстин, но фотографиите можеби фрлаат ново светло врз обемот на тие односи.
Земени заедно, 19-те фотографии, за кои Комитетот соопшти дека потекнуваат од имотот на Епстин, дополнително го потврдуваат фактот дека финансиерот во минатото бил поврзан со широк круг на моќни и влијателни личности, чиишто врски со него сега се под лупа.
Една од фотографиите, објавени во петокот, прикажува нешто што личи на чинија со кондоми со карикатура од лицето на Трамп; на чинијата има натпис „Трамп кондом 4,50 долари“, а на секој кондом има лик од Трамп со текстот „Јас сум голем!“. На друга фотографија се гледа Трамп со шест жени со венци, чиишто лица Комитетот ги има редигирано. Други фотографии ги прикажуваат Стив Бенон и Епстин како се фотографираат пред огледало; Бил Клинтон со Епстин, Гислејн Максвел и уште една двојка; како и технолошкиот милијардер Бил Гејтс со поранешниот принц Ендру. На фотографиите од имотот се појавуваат и поранешниот претседател на Харвард, Лери Самерс, како и адвокатот Алан Дершовиц.
Круната ја замени со медицинска опрема: Шведската принцеза Софија волонтира во болница! (ФОТО)
На една фотографија се гледа Џефри Епстин со Стив Бенон. На бирото е видлива врамена фотографија од жена која лежи, при што дел од таа фотографија е редигирана од демократите во Комитетот за надзор.
Демократите во Комитетот за надзор ги објавија сликите од електронската пошта на Џефри Епстин во петокот, на 12 декември 2025 година.
Ниедна од објавените фотографии не прикажува сексуално недолично однесување, ниту, пак, се верува дека прикажуваат малолетни девојчиња. Не беше веднаш јасно кога и каде биле направени фотографиите, ниту кој ги направил.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.
Комитетот, кој е под водство на републиканците, ги добил фотографиите од имотот на Епстин како дел од тековната истрага. Досега, панелот објави десетици илјади документи, електронски пораки и комуникации добиени од имотот на Епстин, кои отвораат нови насоки за истражување.
Во четвртокот, адвокатите на имотот испратиле писмо до Комитетот во кое навеле дека пратениците можат да ги прегледаат видеата и фотографиите што ги побарале, а кои биле „направени на кој било имот во сопственост, под закуп, управуван или користен од Епстин во периодот од 1 јануари 1990 до 10 август 2019 година“.
Над 95.000 слики, меѓу кои и од богати и моќни луѓе кои минувале време со Епстин
Пратеникот Роберт Гарсија, водечкиот демократ во Комитетот за надзор, изјави дека најновата испорака од имотот содржи „над 95.000 фотографии, вклучувајќи слики од богати и моќни мажи кои поминувале време со Џефри Епстин“, како и „илјадници фотографии од жени и имоти поврзани со Епстин“.
– Време е да се стави крај на ова прикривање од Белата куќа и да се донесе правда за преживеаните од Џефри Епстин и за неговите моќни пријатели. Овие вознемирувачки фотографии отвораат уште повеќе прашања за Епстин и за неговите односи со некои од најмоќните мажи во светот. Нема да запреме додека американската јавност не ја добие вистината. Министерството за правда мора да ги објави сите досиеја веднаш – рече Гарсија.
Портпарол на Комитетот ги обвини демократите дека „селективно избираат фотографии и прават насочени редигирања за да создадат лажен наратив за претседателот Трамп“.
– Добивме над 95.000 фотографии, а демократите објавија само неколку. Измамата на демократите против претседателот Трамп е целосно разобличена. Ништо во документите што ги добивме не покажува какво било незаконско однесување. Срамно е што пратеникот Гарсија и демократите продолжуваат да ја ставаат политиката пред правдата за жртвите – изјави портпаролот.
„Си-ен-ен“ стапил во контакт со Белата куќа и со претставници на Бенон, Клинтон, Гејтс, Ален, Бренсон, Самерс, Дершовиц и Маунтбатен-Виндзор.
Клинтон никогаш не бил обвинет од органите на прогонот за какво било незаконско дејствие поврзано со Епстин, а негов портпарол повеќепати изјавил дека тој ги прекинал врските со Епстин пред неговото апсење по федерални обвиненија во 2019 година и дека не знаел за неговите злосторства.
Портпарол на Гејтс, исто така, повеќепати негирал дека Епстин некогаш работел за него. Гејтс претходно изјави дека жали што се сретнал со Епстин.
Трамп велел дека Епстин е изопачен
Врските на Трамп со Епстин се добро познати. Двајцата се движеле во исти друштвени кругови во Менхетен и во Палм Бич. Сепак, Трамп не бил обвинет за никакво кривично дело, а тој и неговиот тим претходно го опишувале Епстин како „изопачен“, тврдејќи дека Трамп го исфрлил од својот клуб.
Во неодамнешна серија електронски пораки објавени од Комитетот, Епстин тврдел дека Трамп „поминал часови“ со една од најпознатите обвинителки против Епстин, покојната Вирџинија Џуфре. Во друга порака, Епстин напишал дека Трамп „знаел за девојките“ – очигледна алузија на тврдењето на Трамп дека го избркал Епстин од клубот Мар-а-Лаго затоа што „врбувал“ млади жени кои таму работеле. По објавувањето на тие пораки, Трамп и Белата куќа го окарактеризираа случајот како „измама“, при што портпаролката Каролин Ливит изјави дека електронските пораки „не докажуваат апсолутно ништо, освен дека претседателот Трамп не направил ништо погрешно“.
ВИДЕО | „Тишина, прасенце“ – Трамп ја понижи новинарката по прашање за Епстин
Прегледот на „Си-ен-ен“ на илјадници страници од е-поштата на Епстин покажува дека со текот на годините Епстин честопати го споменувал Трамп – понекогаш за да анализира негово однесување, понекогаш за озборување, а понекогаш едноставно за да се претстави како некој со ретки сознанија за човекот кој подоцна стана претседател.
Некои од луѓето, кои се поврзувале со Епстин, се соочиле со професионални или со други последици поради тие односи, иако и тие не биле обвинети за какво било кривично дело.
Самерс зеде отсуство од предавањето на Харвард и поднесе оставка од функцијата во одборот на „Оупен АИ“; тој изјави дека е „длабоко засрамен“ поради одржувањето врски со Епстин и дека, повлекувајќи се од јавните улоги, ќе работи на „обнова на довербата и на поправка на односите со луѓето кои му се најблиски“.
Ендру Маунтбатен-Виндзор се откажа од користењето на своите кралски титули; тој ги негира сите наводи за недолично однесување.
Скандал „Епстин“: Поранешниот секретар за финансии под Клинтон објави повлекување од јавниот живот


