Круната ја замени со медицинска опрема: Шведската принцеза Софија волонтира во болница! (ФОТО)
Принцезата Софија од Шведска започна да волонтира во шведска болница откако помина три дена во интензивна програма за обука.
На фотографиите е со новите колеги од Универзитетот Софиахемет во Стокхолм, на кој таа е почесен член.
Принцезата ќе асистира на болничкиот персонал во не-медицински задачи за време на пандемијата, вклучувајќи чистење, готвење и дезинфекција на опрема.
Преку соопштение од Палатата рекоа „Во кризата во која што се наоѓаме, Принцезата сака да се инволвира и како волонтер да придонесе за медицинскиот персонал кој се соочува со далеку поголем обем на работа“.
Инаку, принцезата Софија во 2015 година се омажи за Принцот Карл Филип е мајка на две машки деца, Александар и Габриел.
ПОДЕТАЛНО ЗА СОСТОЈБАТА ВО ШВЕДСКА: Група експерти предупредуваат дека шведската тактика пропадна: Радикално да се промени пристапот!