„Трамп знае за девојките“ – демократите објавија нови детали за врската меѓу Епстин и американскиот претседател

Осудениот педофил Џефри Епстин во приватни пораки тврдел дека Доналд Трамп „знаел за девојките“, според демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, објави Си-ен-ен.

Во пораки кои првпат се објавуваат, Трамп се споменува во разговор меѓу Епстин и еден од неговите соработници од кругот на актуелниот американски претседател.

„Демократите во Комитетот за надзор на Претставничкиот дом добија нови е-пораки од имотот на Џефри Епстин кои покренуваат сериозни прашања за Доналд Трамп и неговото познавање на ужасните злосторства на Епстин“, рекоа демократите во објава на социјалните мрежи. „Видете ги сами. Време е да се стави крај на ова прикривање и да се ОБЈАВИ ДОСИЕТО.“

Една од пораките се однесува на директна преписка меѓу Џефри Епстин и Гислен Максвел.

Во е-поштата што Епстин ја испратил до Максвел во април 2011 година пишува: „Сакам да разберете дека кучето што не лаеше беше Трамп… (Жртвата) помина часови во мојата куќа со него… никогаш не е споменато. Шефот на полицијата… итн.“

Максвел одговара: „Размислував за тоа…“

Една од пораките датира од 2019 година и ја испратил Епстин до американскиот новинар Мајкл Волф. Во пораката пишува дека Трамп „знаел за девојките затоа што ја замолил Гислејн да престане“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот