ВИДЕО | „Тишина, прасенце“ – Трамп ја понижи новинарката по прашање за Епстин

Американскиот претседател Доналд Трамп направи голем скандал. За време на брифинг со новинарите во претседателскиот авион, на една репортерка ѝ рекол: „Тишина, прасенце“, откако го прашала дали неговото име се споменува во мејловите што ги испраќал осудениот сексуален престапник и финансисер Џефри Епстин.

Овој испад на лидерот на САД бил забележан со камера во авионот „Ер форс уан“, пренесува Блиц.

Најпрво новинарката почнала да поставува прашања, а Трамп вперил показалец кон неа и ѝ рекол: „Тишина, тишина, прасенце“.

Снимката со неверојатна брзина се шири на социјалните мрежи.

Да потсетиме, во средата Комитетот за надзор на Претставничкиот дом објави повеќе од 30.000 документи поврзани со Епстин, кои ги доставило Министерството за правда.

Во неколку мејлови во рамките на тие документи се гледа дека други луѓе разговарале за Трамп, иако Епстин не го обвинил американскиот лидер за какво било кривично дело.

Трамп негира дека знаел што прави финансисерот и изјавил дека двајцата, кои некогаш биле добри пријатели, го прекинале контактот пред многу години. Претставничкиот дом денеска треба да гласа за објавувањето на документите за Епстин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот