снег на аеродром
Снег на аеродром / Фото: EPA/MARTIAL TREZZINI

Обилниот снег откажа околу 130 летови од минхенскиот аеродром

Обилните снежни врнежи и ниските температури на аеродромот во Минхен денеска предизвикаа долготрајни одложувања и откажувања на над 100 летови, јави ДПА.

„Околу 130 авиони во моментов не можат да полетаат или слетаат’, изјави портпаролот на аеродромот.

Според него, барем една од пистите на аеродромот мора да биде постојано чиста, а екипите да работат последователно на чистење на секоја писта од снег.

Патниците беа повикани да контактираат со нивните авиокомпании за да дознаат за какви било откажани или одложени летови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот