Нусрет Халити / фото: Икс

Нусрет Халити ќе директорува во Агенцијата за електронски комуникации

Електроинженерот Нусрет Халити од Тетово е избран за нов директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), една од главните регулаторни институции во државата, објави телевизијата „21“.

Халити ќе го наследи досегашниот прв човек на АЕК, Јетон Акики.

Халити е магистер по интегрирани микрокомпјутерски системи и дипломиран електроника и телекомуникации од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe.

АЕК има важна улога во регулирањето на телекомуникацискиот пазар, надгледувањето на операторите, обезбедувањето фер конкуренција и заштитата на интересите на граѓаните и компаниите.

Назначувањето на Халити доаѓа во време кога се очекува агенцијата да продолжи да ја зголемува ефикасноста во секторот за електронски комуникации во земјата.

Катерина Зајковска е предложена да ја замени Цвета Ристовска како член на Антикорупциска комисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот