ФОТО | Нуредини: Се реализира една од најважните препораки на УНЕСКО

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, како дел од посетата на општина Дебрца, заедно со градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и со претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации, (УНДП) денеска изврши увид во активностите за реставрација и пренасочување на природното речно корито на река Сатеска што се влева во река Црн Дрим.

„Преземаме конкретни активности како Министерство за имплементирање на нашите заложби за заштита на животната средина, а проектот за реставрација на коритото на река Сатеска и пренасочување во нејзиниот природен тек, покрај тоа што е една од клучните активности за зголемување на отпорноста на регионот кон климатски индуцираните ризици од поплави, има особено значење за нас во делот на конечно решавање на еколошкиот проблем од влијанието на сегашното корито и влив на река Сатеска во Охридско Езеро. Загадувањето на уникатниот Охридски екосистем е нотирано како клучен проблем и токму затоа наша должност и обврска е да го заштитиме и зачуваме природното и културно наследство на ова значајно УНЕСКО подрачје“, истакна министерот Нуредини.

Реставрацијата на коритото на река Сатеска и пренасочување во нејзиниот природен тек се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од регионалниот проект за интегрирано-климатски отпорно управување со ризиците од поплави во Дримскиот слив, финансиран од страна на Фондот за адаптации. Предвидено е целосно комплетирање на активностите кон крајот на месец март, 2023 година.

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот