Скопјани сепак дишеле тешки метали од пожарот во Трубарево, објави по шест дена Министерството за животна средина
Концентрацијата на кадмиум во воздухот по пожарот во Трубарево била скоро 12 пати повисока од дозволената, а имало и зголемено загадување со арсен и олово, објави Министерството за животна средина, шест дена откако избувна големиот пожар во Трубарево. Се работи за анализа од земени примероци за присуство на тешки метали во воздухот, од минатиот викенд …

