ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Шукова: Собрани скоро 2 милиони евра од кесите, ќе се купуваат 7.000 контејнери за селекција

Каја Шукова - мин. за животна средина и просторно планирање / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Справување со отпадни води, изградба на регионални депонии, но и постојано создавање на нови диви депонии се прашања кои ја мачат државава. Кој е одговорен за дивите депонии кои според проценка ги има над 1.000 во државава, кој е одговорен за нивно чистење, колкави се казните за тие кои фрлаат отпад или шут, но и за тоа до каде се проектите со регионалните депонии одговор побаравме од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Министерката за Утрински печат на Слободна ТВ вели дека се трошат многу пари за решавање со дивите депонии, но ефекти нема, се полнат повторно за еден месец.

-За жал знам дека граѓаните не се задоволни од одговорите кои ги давам. За дивите депонии виновни сме сите ние. Нив ги прават граѓаните, не институциите. Казни има, но неможеме да казнуваме на лице место. И да се затекне некој како фрла отпад се прави само записник. Инспекции има, нема полиција- вели Шукова. Се размислува за воведување на Комунална инспекција и сега се бараат измени на законите. Искуството покажува дека ова е само еден начин како да се подигне јавната свест. Во ЕУ се плаќа за фрлање на отпад. Кај нас сеуште не се плаќан по количина на ѓубре кое се фрла. Но ако не се селектира, во ЕУ се наплаќа одреден надомест. Во овој момент битно ни е она што се селектира да се одложи на одредени места. Во градовите има вакви места, но тешко е со руралните средини вели Шукова.

Таа најавува за неколку месеци нова методологија за наплата на отпад која ќе биде по произведено ѓубре. За неколку месеци треба да очекуваме и нови цени односно нов начин на наплата за услугата.Што се однесува до регионалните депонии и нивна изградба, Шукова вели дека во Свети Николе е една од нив.

-Имаше отпор од граѓаните, но се одземаа ингеренции на општината од страна на Министерството за животна средина. Сега проблемот е решен. Процесот не чинеше многу пари и многу време. Сега се работи на изградба, ако не продолжеше процесот парите ќе мораше да се вратат во ЕУ. А тоа како држава немаше да го дозволиоме. Планирани се депонии во Новаци, во Василево, во Русино и скопската депонија Дрисла каде процесот ќе биде долг. Дрисла посериозно се контролира и управува- вели Шукова.

Околу пречистителната станица за отпадни води во Скопје министерката вели дека добиен е гранд од 70 милиони евра за решавање на проблемот со отпадни води. Вредноста на проектот е 200 милиони евра.

-Од нив 70 милиони евра се гранд кој не се враќа. Формално со потпишување на договорот со фирмите кои се пријавени на тендерот проектот е започнат. Паралелно се отвараат сметки преку кои ќе одат парите. Во ова се вклучени и Водовод Скопје и Градот Скопје. Сите заедно ќе работиме во спроведувањето. Тој проект ќе се гради во Трубарево таму е централната станица, а одредени делови во Скопје кои не се дел од ова се со посебни прочистителни станици. Една е во Волкво, а една треба да се гради во Сарај- вели министерката.

До 1 јуни 2023-та можеше да се пласираат оксо-биоразградливи ќеси (МКС 1009) кои се задолжителни од 2013 година. По 1 јуни годинава, задолжително ќе се пласираат ќеси кои се изработени од материјал кој може да се разгради, но и пластични ќеси за повеќекратна употреба.

Пластиката има најголемо учество во вкупниот отпад, но ставовите дали треба целосно да се откажеме од неа се спротивставени. За жал се вратија пластичните кеси за еднократна употреба по пазарите. Се лажеме дека е поинаку. Контрола треба да има, но инспекторите неможат секаде да поминувааат. Има секакви информации дека доаѓаат од надвор, се увезуваат. Кај нас нивното производство е запрено сега се оди кон биоразградливи кеси- вели Шукова.

Таа објаснува дека направена е измена на правилник, според кој е дозволена ќеса за повекекратна употреба која ќе се плаќа.

За еднократна употреба формално ќесите не треба да се пуштаат на пазарите. Од нив се собрани 120 милиони денари. Начелно рековме имаме пари за 7.000 контејнери за првична селекција. Но се откажавме од ова зошто ќе има непристапни подрачја. Мора да сме реални. Сега се прави проценка да с евиди колку е реалната потреба од контејнери, а колку од канти- вели Шукова.

Со министерката разговаравме за загадувањето на воздухот во зима, за храната која се фрла во големи количини, за еуро стандардите за увоз на возила. Шукова одговори и на прашањето за националните паркови, се гради ли во некои од нив недозволено, но и за Шар планина и за другите национални паркови.

Целото интервју погледнете го на Слободна ТВ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот