Македонија се сеќава на Вејце: Во Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски, на местото на заседата Ангелов положи цвеќе

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце – најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија.

Мурал со ликот на Бобан Трајковски ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

Иако нападнати од заседа, војниците и полицајците давале получасовен отпор, бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце. Фотографии објави генералот Стојанче Ангелов.

„23 години подоцна. НА МЕСТОТО НА ЗАСЕДАТА КАЈ ВЕЈЦЕ. Делегација на Достоинство утрово положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на осумтемина загинати бранители убиени во крвавата заседа кај с.Вејце.
Да не се повтори, да не се заборави!
Игор Костески (26) од Скопје,
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24),
Бошко Најдовски (24) и
Марјан Божиновски (27),
сите од Битола.
Вечна ви слава, херои македонски, напиша Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот