Нудистичко село: Место на Медитеранот во кое е дозволено да шетате голи – насекаде

Кап д’Агде е познато одморалиште на Медитеранот во јужна Франција, кое е 70 километри оддалечено од Монпелје. На неговиот североисточен дел се наоѓа голем нудистички ресорт наречен „Нудистичко село“, кој често го нарекуваат и „Голиот град“.

Неговиот главен адут? Им дозволува на гостите да шетаат без ниту едно крпче на телото – насекаде.

File:Cap d Agde-nudistbeach.JPG

Во ова оградено нудистичко село, гостите на располагање имаат песочна плажа долга 2 километри, голема марина, камп со 2.500 места, хотел, апартмански комплекс, ресторани, ноќни клубови, кафулиња, пошта, банка, фризерски салон и други слични места.

Во секое од наведените места можете да шетате голи и никој нема да ве гледа чудно поради тоа. Дури и правилникот на ресортот ги поттикнува гостите да ја соблечат облеката од себе во секој момент, а не само кога доаѓаат на плажа.

На сите им е потребно час до два часа за да се опуштат кога првпат ќе пристигнат во „Натуристичкото село“, но потоа се очекува да ја складираат облеката на сигурно. Во вечерните часови кога е постудено, телото можете да го заштитите со парче облека по желба.

Правилникот на ресортот строго забранува фотографирање други гости и неморално однесување на јавни површини. Се очекува и да носите крпа со вас од хигиенски причини кога одите на места како ресторани или кафулиња каде што планирате да седнете.

village naturiste, Cap d'Agde (AGDE,FR34) | jean-louis Zimmermann | Flickr

„Нудистичкото село“ привлекува околу 40.000 нудисти секоја година, а сите капацитети за сместување се пополнуваат многу пред почетокот на туристичката сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот