НСГРИТГ најави протест – покачувањето на струјата е поради недомаќинското работење

– Добро беше што се зголеми минималната плата од 14.500 на 14.900 денари, но, на овој начин пробуваат тие пари повторно да ги земат од џебот на производствениот работник, вели претседателот на НСГРИТГ Атанас Трајковски.

Покачувањето на струјата е директен удар по џебот на граѓаните и е показател за недомаќинско работење. Најавеното поскапување на струјата од 7,4 проценти заедно со Данокот на додадена вредност од 18 проценти ќе изнесува 8,73 проценти. Изминатите 14 години струјата поскапела 230 проценти, изјави претседателот на НСГРИТ Атанас Трајковски.

Тој најави дека поради ваквото покачување Независниот синдикат на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото (НСГРИТГ) ќе организира мирен протест чиј датум се уште не е утврден но повика на учество од сите работници кога ќе го организираат.

Трајковски обвини за популизам и удирање по џебот на граѓаните затоа што, како што вели, со поскапувањето на струјата од работниците се одземаат парите што ги добиваат со последното зголемување на износот на минималната плата.

Добро беше што се зголеми минималната плата од 14.500 на 14.900 денари, но, дополни Трајковски, еве на кој начин пробуваат тие пари да ги земат од џебот на производствениот работник.

– Ситуацијата е – дај им па ќе им земеме. Не може така. Пресметав дека мојот џеб како просечен работник во текот на годинава во просек ќе биде оштетен некаде за 500 денари, така што ете како покачувањето од 500 денари ќе си го вратат назад. Не смееме да дозволиме покачување на платите од наши џебови, кое е популизам, а сега сакаат да го вратат. Ги повикувам сите работници да излезат на мирен протест кога ќе го организираме, изјави Трајковски.

Претседателот на Независниот синдкат на камионскките работници Страшо Јованов, пак, оцени дека едно од најголемите криминални дејствија што биле извршени во тек на пандемијата е тоа што газдите во име на работниците добија финансиски средства, но наместо да им ги дадат на работниците ги ставиле во свој џеб.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот