Новообјавените писма на лекарот на Адолф Хитлер го покажуваат неговиот страв од болест

адолф хитлер
Адолф Хитлер / Фото: Profimedia

Швајцарскиот наследник на еден од лекарите на Адолф Хитлер објави детали од писма кои покажуваат како ги третирале неговите проблеми со гласот, објави во неделата весникот „NZZ am Sonntag“, пренесува „The Guardian“.

Писмата го покажуваат стравот на Хитлер од сериозна болест

„Ако има некоја лоша вест, апсолутно морам да знам“, му рекол Хитлер на лекарот по нивната прва консултација во мај 1935 година, според писмата.

адолф хитлер
Адолф Хитлер / Фото: Profimedia

Хитлер неколку пати бил лекуван од Карл Ото фон Ејкен, германски специјалист за уво, нос и грло од 1935 година.

Писмата од лекарот адресирани до негов роднина ги открил Роберт Допген, правнук на Фон Ејкен, кој ги нашол кога ги истражувал семејните архиви за училишен проект. Фон Ејкен починал во 1960 година.

Британскиот историчар Ричард Џеј Еванс, специјалист за германска историја, ја гарантирал автентичноста на необјавените писма.

адолф хитлер
Адолф Хитлер / Фото: Profimedia

Споменатиот весник наведува дека писмата, исто така, покажуваат од колкава важност за Хитлер бил неговиот глас, особено за говорите за негување на неговиот режим.

Една операција за отстранување на полип била одложена откако ќе помине важен говор, се вели во писмата, бидејќи Фон Ејкен го советувал Хитлер дека треба да го одмори гласот по процедурата.

Во своите писма, Фон Ејкен никогаш не го доведувал во прашање фактот дека лекувал човек чии постапки довеле до убиство на милиони луѓе во Холокаустот и Втората светска војна.

Имено, на прашањето од руските разузнавачи по војната зошто не го убил Хитлер, Фон Ејкен рекол:

„Јас бев негов лекар, а не негов убиец“.

Хитлер се самоубил во бункер во Берлин, Германија во 1945 година, непосредно пред крајот на војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот