Новоизбраните обвинители потпишаа свечена изјава

Фото: МИА

Шест од седумте новоизбрани обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Основното обвинителство за гонење организиран криминал и Вишото јавно обвинителство Скопје денеска потпишаа свечена изјава во Судскиот совет. Станува збор за обвинителките Наталија Тасевска и Елвин Вели кои беа избрани во ЈОРСМ, Оливера Проеска и Милица Гаврилова од ОЈО ГОКК и Наташа Гоџоска и Артан Ајро од ВЈО Скопје. Изјавата не беше потпишана единствено од кандидатката Верица Бержетска Крстева од ОЈО ГОКК, која, како што информираа од Советот, била на пат.

Во Советот денеска беа потпишани и изјавите од седдумината новоизбрани јавни обвинители во Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци.

Сметам дека сите мои колеги кои што денеска дадоа заклетва ќе дадат позитивен придонес кон подобруваење на сѐ што се однесува на работата на Јавното обвинителство, изјави новоизбраниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Фатмир Муса.

На прашањето што претставувало предизвик за него да се одлучи за обвинителската служба, тој одговори дека со новите одредби на ЗКП, смета дека работата е подинамична.

Јас лично можам да зборувам за себе. Сметав дека со новите одредби на Законот за кривична постапка е малку подинамична работа и бара малку повеќе труд во делот на активности, преземени дејствија и слично, и сметав дека на тој начин можам да го дадам својот придонес во подобрување и спроведувањето на законските одредби кои што нѐ обврзуваат во однос на рамката која што ние треба да ја спроведеме, рече Муса.

Покрај него, за во Основното јавно обвинителство Скопје свечена изјава денеска потпишаа кандидатите Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков и Ајбејан Ајдини. Додека, во Основното јавно обвинителство Гостивар за обвинителка беше избрана кандидатката Елизабета Јосифовска, а во ОЈО Кавадарци, Елена Манчева Костова, единствени пријавени кандидати на соодветните огласи за двете обвинителства.

Предизвикот, како и досега, е максимално, професионално и во рамки на закон, бидејќи сите денеска кои што дадовме заклетва сме обвинители кои долги години сме во обвинителството и останува на нас, да продолжиме со добрата работа, изјави јавниот обвинител Елвин Вели.

Во однос на прашањето за предизвикот во државното обвинителство кога во државата граѓаните на правосудниот систем даваат само еден процент доверба, тој одговори дека во тој дел треба да се поработи.

Ќе треба да поработиме на тој дел, во делот на довербата и во делот на транспарентноста. Најпрво со соработка поголема со вас медиумите и со поголема отвореност спрема граѓаните, и, нормално, со извршување на работните задачи и обврским рече тој.

Транспарентноста ја издвои како приоритет, како и навременото завршување на работните обврски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот