Новогодишни традиции: Како се облекува светот за да има среќна Нова Година

нова година
Фото: Принтскрин / Instagram

На само еден ден до почетокот на новата 2022 година сите се замислуваат што да облечат за соодветен пречек… Но, во некои земји веќе знаат, бидејќи тоа им е врежано во традицијата.

Во одредени традиции има точни насоки и обичаи кои се однесуваат токму на облеката кои би требало да ги запазите доколку сакате да би започне најдобро што може.

Облечете се во точки (Филипини)

Се верува дека заобленоста претставува просперитет во архипелагот на Југоисточна Азија. Точките на 31 декември ги зголемуваат шансите за среќна нова година, па како резултат на тоа локалните жители често носат точки на новогодишната ноќ, ги полнат џебовите со (кружни) монети и јадат тркалезно овошје во обид да привлечат богатство во наредната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUSTOFF (@dustoffstore)

Носете бело (Бразил)

Бразил исто така го олеснува изборот на вашата новогодишна облека – сите носат бело за среќа и мир. Ова е традиција што ја следат и оние помалку ентузијасти. Дури и оние кои долго време не ја поминале новогодишната ноќ дома. Сите се трудат да ја одржат традицијата и да носат бело каде и да ја поминат последната вечер од годината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Patricia Robbie (@patricia_robbie)

Црвена долна облека

Италијанците имаат традиција да носат црвена долна облека за да ја дочекаат новата година. Во италијанската култура црвената боја се поврзува со плодноста, па луѓето ја носат под облеката со надеж дека ќе им помогне да забременат во наредната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alezhek (@alezhek)

Облечете се како мечка

Романците ја слават Новата година со облекување како мечки – вклучително и носење вистински мечкини и крзна – пред да танцуваат од куќа до куќа во обид да го спречат злото. Не е познато кога започнала традицијата позната како „урсул“, а некои извештаи наведуваат дека потекнува пред 2.000 години.

Шарена долна облека

Во некои земји од Латинска Америка се верува дека бојата на вашата долна облека влијае на вашето богатство во годината што претстои. Традицијата вели дека жолтата долна облека ќе донесе просперитет и успех, црвената ќе донесе љубов, белата ќе донесе мир и хармонија, додека зелената ќе гарантира здравје и благосостојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anne de Cuveland (@decuveland_anne)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот