Новогодишната елка која традиционално ќе биде поставена пред Бранденбуршката порта тргна од Тирингија
Дрвото од смрека, високо 16 метри, е исечено кај градот Земерда во германската покраина Тирингија.
Една од најпознатите новогодишни елки во Германија, онаа што секој Божиќ се поставува пред Бранденбуршката порта во Берлин е исечена во Тирингија и го започна своето патување кон германската престолнина, пренесува „Куриер“.
Препорачано
Дрвото од смрека, високо 16 метри, било исечено во близина на градот Земерда, а потоа со кран било натоварено на камион, соопшти портпаролот на локалната шумарска служба.
Според неговите зборови, критериумите за новогодишната елка што ќе ја краси Бранденбуршката порта се многу строги, а потрагата по соодветно дрво трае цела година.
Како што се наведува, дрвото мора да биде совршено конусно по форма, гранките треба да допираат до земја, а неопходно е да има и густи иглички.
Портпаролот на шумарската служба истакна дека дрвото за Бранденбуршката порта по 11. пат доаѓа токму од Тирингија.
„Многу сме задоволни што можеме да донесеме радост на жителите на Берлин, како и на многубројните посетители на градот“, изјави тој.
Новогодишното дрво треба да биде поставено во понеделник, наведува германскиот лист.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
51мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


