Ново шоу на Кирјос, овој пат влезе во клинч со судијата Вељовиќ

epa09000812 Nick Kyrgios of Australia reacts during his second Round Men's singles match against Ugo Humbert of France on Day 3 of the Australian Open at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 10 February 2021. EPA-EFE/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Лошото момче на тенисот, Ник Кирјос и во второто коло од Австралија Опен направи сцена во која се најде во центарот на вниманието на јавноста. За време на мечот тој влезе во жестока расправија во судијката поради технологијата која се употребува за време на мечевите.

Во второто коло, Кирјос за време не дуелот со Уго Умбер влезе во вербална расправија во судијката од Србија, Маријана Вељовиќ поради технологијата која го детектира контактот на топчето со мрежата за време на сервисот.
Кирјос во неколку наврати се жалеше на одлуките и тврдеше дека топчето поминало високо над мрежата, но технологијата го сигнализирала спротивното.
На почетокот од првиот сет, Кирјос и пријде на судијката Вељовиќ и бараше од неа да се ресетира технологијата, а по загубата на првиот сет со 5:7, настрада рекетот.


Топчето беше волку високо – покажуваше Кирјос кон судијката и додаде:
– Ресетирајте ја технологијата и погледнете ја снимката бидејќи е очигледно дека нешто не е во ред.

Ник Кирјос/EPA-EFE/DAVE HUNT

Во вториот сет Кирјос имаше сервис за израмнување во сетови и во тие моменти уредот повторно детектираше дека топчето ја удрило мрежата, по што влезе во вербална расправија со Вељовиќ.

EPA-EFE/DAVE HUNT

Исклучете го уредот. Ова ја уништува играта, дали ме разбирате. Не, не разбирате. Погледнете го резултатот, доколку не го исклучите, повеќе нема да играм – рече Кирјос.
Судијката Вељовиќ му рече да се врати на своето место и да продолжи да игра и до крајот на мечот кој го доби во пет сета (5:7,6:4,3:6,7:6,6:4) тој постојано коментираше и негодуваше поради одлуката на судијката Вељовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот