Ново одложување во НБА, играчите гневни: Се потиме еден покрај друг на теренот, а не смееме да излеземе од соба

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Коронавирусот им прави огромни проблеми на НБА екипите, а лигата е принудена да одложува натпревари. Последен натпревар кој е одложен е дуелот помеѓу Атланта хоукс и Феникс санс, кој е седми одложен натпревар сезонава.

Причината за тоа е што Феникс нема минимум осум кошаркари за натпреварот против Атланта . Според новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски, кошаркарите на Феникс биле во контакт со играчите на Вашингтон кај кои е потврдено присуство на коронавирус.

НБА лигата поради зачестениот број на заразени кошаркари, издаде нови корона протоколи кои наидоа на негодување кај дел од самите кошаркари.
– Сакаме да играме, но не ги разбирам дел од правилата. Можеме да се потиме едни покрај други 48 минути, но не смееме да разговараме по натпреварот. Тоа нема смисла – вели бекот на Оклахома сити, Џорџ Хил.

Според новите протоколи кои беа усвоени вчера, на кошаркарите им е дозволено да ги напуштаат хотелските соби само кога одат на тренинг или во итни случаи и смеат да комуницираат со членови на семејството и со луѓето со кои живеат.

– Возрасен човек сум и ќе го правам тоа што јас сакам. Доколку сакам да одам да го видам семејството, тоа и ќе го направам. Не може некој да ми каже постојано да бидам во собата. Доколку ситуацијата е толку сериозна, тогаш не треба воопшто да играме – додава Хил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот