Кошаркарите како затвореници, НБА ги менува протоколите за да ја спаси сезоната

Фото: EPA-EFE/ALEX GALLARDO

Челниците на НБА лигата одлучија да ги променат корона протоколите по зголемиот број на позитивни кошаркари и одложени натпревари.

Зачестениот број на кошаркари кои се позитивни на коронавирус поради што се одложуваат натпреварите, го натераа првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер да реагира и да ги смени здравствените протоколи.

Едно од новите правила е дека играчите мора да останат во своите фомови кога играат на домашен терен во период од две недели. Исклучок се тимските активности (тренинзи, натпревари), тренизни на отворено и основни животни активности.

Ова значи дека НБА кошаркарите ќе бидат како „затвореници“.
Новинарот Мајк Сингер вели дека тимските состаноци пред натпреварите ќе бидат ограничени на 10 минути и на нив кошаркарите ќе мора да носат маски.

На гостувањата, на кошаркарите ќе им биде забрането да дојдат во салата порано од три часа пред почетокот на натпреварот.
Исто така секој што ќе влезе во домот на НБА играчите ќе биде тестиран два пати неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот