Сексуално искористил 16-годишна девојка, па ја исфрлил од автобусот: Ново обвинение против Мерилин Менсон

мерилин менсон
ФОТО: Инстаграм

Контроверзниот музичар Мерилин Менсон е обвинет дека во текот во 1990-тите сексуално злоставувал 16-годишна девојка.

Тужителката е позната како Џејн До, фиктивно име за заштита на нејзиниот идентитет, пишува „Марка“.

Во тужбата, поднесена во Врховниот суд на округот Насау (Њујорк), се наведува дека по концертот во Далас во септември 1995 година, тој ја повикал да дојде во автобус, сексуално ја злоставувал и ѝ се заканил дека ќе го убие нејзиното семејство и неа ако некому раскаже што се случи.

„Додека бил во автобусот за концертната турнеја, обвинетиот извршил различни дејствија на криминално сексуално однесување против тужителката, која во тоа време била невина“, се вели во жалбата, која е реплицирана со веб-страницата „Инсајдер“.

Неколку недели подоцна, Менсон наводно почнал да ѝ се јавува и да бара од неа да му испрати експлицитни фотографии. Таа тврди дека по настапот во Орлеанс во декември истата година, тој повторно сексуално ја искористил.

Жртвата напишала дека „благодарение“ на него потоа станала зависна од дрога и алкохол. Таа додала дека злоставувањето продолжило, а тој ја принудил и на сексуални односи со членовите на неговиот бенд.

Фото: Профимедиа

Адвокатот на жртвата искоментирал и дека Менсон и неговите пријатели ѝ давале дрога и алкохол, бидејќи за да биде во неговата група потребно било и таа да биде иста како нив.

Во текот на својата кариера, Мерилин Менсон беше обвинет од 15 жени за сексуален напад и злоупотреба, а меѓу нив се актерката Еван Рејчел Вуд и моделот Ешли Морган Смитлајн.

Мерилин Менсон се предал на полицијата по обвинението дека плукнал на снимателка и пуштен со кауција

Шокантни обвинувања кои не стивнуваат: Еван Рејчел Вуд тврди дека „била силувана пред камера“ од Мерлин Менсон во новиот документарец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот