Ново чудо од Фарски Острови: Клаксвик поблиску до плеј-офот во Лигата на шампионите

фото: instagram.com/klaksvikaritrottarfelag

Екипата на Клаксвик е дефинитивно е хит летово во фудбалска Европа, тимот од Фарски Острови приреди уште еден сензационален резултат.

Откако претходно ги елиминираше унгарскиот Ференцварош и шведскиот Хакен, составот на Клаксвик вечерва на домашен терен со 2:1 после пресврт го совлада Молде во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Тоа значи дека тимот од Фарски Острови е поблиску до пласман во плеј-офот што е последна пречка на патот кон групите во ЛШ. Реваншот во Норвешка ќе се игра на 15 август.

Клаксвик дефинитивно нема што да загуби после сите овие големи резултати во нивната клупска историја.

Како што моментно стојат нештата, веќе се знае дека имаат сигурно учество во групите на Конференциската лига и сигурен плеј-оф во Лига Европа.

Но, тоа може да се промени по реваншот во Норвешка, доколку Клаксвик успее да ја одбрани предноста, и излезе како победник во двомечот со Молде, не само што ќе биде во плеј-офот на ЛШ, туку ќе има и сигурно учество во групите на Лига Европа.

Лига на шампиони

Трето квалификациско коло (први натпревари)

ФК Копенхаген – Спарта Прага 0:0
Ракув – Арис 2:1
ПСВ – Штурм Грац 4:1
АЕК Атина – Динамо Загреб (одложено)
Клаксвик – Молде 2:1
Брага – ТСЦ 3:0
О. Љубљана – Галатасарај 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот