Азир Алиу, министер за здравство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Новиот закон против пушење ќе се разгледува во Собранието за најдоцна месец и пол, претпоставува Алиу

Предлог-законот за заштита од пушење на 24 март ќе биде на седница на Владата и потоа ќе биде процесуиран понатаму во Собранието. Сметам дека за не повеќе од месец, максимум месец и пол, законот ќе биде процесуиран, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу.

Иако првично беше најавено дека ќе почне да важи од 1 март, примената беше одложена поради забелешки од угостителите и тутунската индустрија.

Алиу рече дека во меѓувреме биле одржани повеќе состаноци со засегнатите страни, при што сите прашања биле разгледани од научен, економски, инфраструктурен и здравствен аспект.

Во однос на забелешките на угостителите, особено за условите за терасите, министерот објасни дека решенијата се темелат на препораки и анализи за квалитетот на воздухот, но и на реалните урбани услови. Заклучено е дека со две отворени страни терасите можат да се третираат како простори каде што е дозволено пушење, имајќи предвид дека така се овозможува циркулација и прочистување на воздухот.

Дали новиот закон против пушење ќе ѝ го полни стомакот на црната економија?

Истовремено, во законот е предвидена можност и покривот да се смета како отворена страна, врз основа на анализи дека тоа придонесува за побрзо расчистување на воздухот.

— Дополнително, ќе се воведе обврска угостителските објекти да имаат посебен влез за делот каде што се пуши, со цел јасно да се одделат зоните за пушачи и непушачи. — Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, значи терасите, можат да се дозволат да се пуши, зашто воздухот протекува, се чисти воздухот внатре, квалитетот на воздухот. Но, од друга страна и од економска гледна точка, знаете дека само во Скопје имаме над 7.000 угостители кои што имаат тераси. Според структурата на градот и во другите градови, но уште еднаш напоменувам, посебно во Скопје, поголем дел од тие угостителски објекти се со таква инфраструктура што е невозможно да има три страни кои се отворени. На пример, во аголни и така натаму, кои што од едната и од другата страна имате објекти коишто вие не можете да срушите објект за да имате три страни отворени. Ние затоа ставивме во законот да може и кровот да биде отворен и да се третира бидејќи се докажа дека со третирање и на кровот како отворена страна, воздухот за неколку секунди се чисти — рече министерот.

Економија наспроти здравје: Антипушачкиот закон отвори дискусија за приоритетите на државата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот