Леонардо Дикаприо во филмот „Една битка по друга“/Фото: Принтскрин/Икс

Новиот филм на Дикаприо „Една битка по друга“ со најмногу номинации за Златен глобус 2026

Номинациите за Златните глобуси за 2026 година денеска беа објавени, а „Една битка по друга“ (One Battle After Another) е на чело во она што се смета за почеток на сезоната на доделување награди во Холивуд.

Црната комедија и политички акционен трилер, продуциран, напишан и режиран од Пол Томас Андерсон, „Една битка по друга“ со Леонардо Дикаприо во главната улога, се најде на врвот на листата на филмски номинации за престижните холивудски награди Златен глобус со девет номинации, норвешката семејна драма „Сентимантална вредност“ (Sentimental Value) има осум, а по неа следува натприродниот хорор „Грешници“ (Sinners) со седум и „Хамнет“ (Hamnet) со шест.

Филмот на Пол Томас Андерсон освои девет номинации, вклучувајќи ја и категоријата за најдобар филм – мјузикл или комедија.

Меѓу номинираните во категоријата најдобар актер се, покрај Леонардо Дикаприо, Двејн Џонсон за „Машината за кршење: Животот во рингот“ (The Smashing Machine: Life in the Ring) и Џеси Бакли за „Хамнет“.


Мистериозната серија „Белиот лотос“ (The White Lotusна) на Ејџ-би-о води во ТВ-категориите со шест номинации за престижната награда, пред серијата на Нетфликс „Адолесценција“ (Adolescence) со пет номинации, за 13-годишно дете обвинето за убиство.

Златните глобуси веќе објавија двајца победници во категориите за животно дело: Хелен Мирен ќе ја добие наградата „Сесил Б. ДеМил“ за 2026 година за нејзиниот извонреден придонес во индустријата за забава. А Сара Џесика Паркер ќе ја добие наградата „Керол Барнет“ за нејзиното влијание на телевизијата.

Аријана Гранде и Синтија Ериво се номинирани за женските улоги во „Злобница: Засекогаш“ (Wicked: For Good), иако вториот дел од приквелот на „Волшебникот од Оз“ на „Јуниверзал пикчрс“ не се пласираше во категориите мјузикл или комедија.

Доделувањето на 83-тите Златните глобуси ќе се емитува на „Си-би-ес“ и на „Парамаунт+“ во недела, 11 јануари, во 20 часот по источно време.

Комичарката Ники Глејзер, која го водеше доделувањето лани, ќе се врати како водителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот