Новиот договор за еколошки возила ја крена цената на акциите на Хјундаи

Првиот човек на групата „Хјундаи“, Џуисун Цунг изјави дека „Хјундаи мотор“ и „Киа моторс“ планираат да продадат еден милион електрични возила на батериски погон до 2025 година.

Акциите на компанијата „Хјундаи Мотор“ утрово пораснаа за речиси 8,0 проценти, еден ден откако Јужна Кореја објави „нов зелен договор“ со цел поттикнување на употребата на еколошки возила.

Акциите на другите производители на автомобили во Јужна Кореја исто така зајакнаа при што партнерот на „Хјундаи“ – „Киа Моторс“ забележа раст за 4,1 процент, а снабдувачот на делови за автомобилите „Хјундаи Мобис“ за 3,3 проценти.

Првиот човек на групата „Хјундаи“, Џуисун Цунг изјави дека „Хјундаи мотор“ и „Киа моторс“ планираат да продадат еден милион електрични возила на батериски погон до 2025 година и дека заедно се насочени кон удел од над 10 проценти на глобалниот пазар на овие автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот