Новинската агенција АФП ја тужи новата платформа на Маск
Новинската агенција Франс прес (АФП) во средата објави дека поднела тужба во Париз против платформата Икс на Илон Маск, порано позната како Твитер, обвинувајќи ја дека одбива да разговара за потенцијална исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.
Препорачано
Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет платформи да влезат во преговори со издавачите кои бараат компензација за вести.
„Агенцијата Франс прес ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на Твитер (неодамна преименуван во „Икс“) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права“, се вели во соопштението на новинската агенција.
Маск синоќа го критикуваше потегот на АФП.
„Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за сообраќај на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“, рече тој.
Во 2021 година, француската антимонополска управа го казни Гугл со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш Гугл вети дека ќе го реши спорот и најави договори со АФП и неколку други водечки француски медиуми.
Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.


