Нови разговори меѓу САД и Русија викендов во Мајами
Нови разговори меѓу руските и американските претставници за војната во Украина се закажани за овој викенд во Мајами, Флорида (југоисток), објави во среда функционер на Белата куќа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претседателството на САД не го откри составот на делегациите.
Сепак, според извештај објавен на веб-страницата „Политико“, Вашингтон ќе биде претставен од специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет и советник на претседателот Доналд Трамп, а Москва од економскиот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев.
Новите разговори се организираат откако украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше за „напредок“ во напорите за постигнување компромис меѓу Киев и Вашингтон за содржината на планот предложен до Москва за завршување на војната, по состаноците во неделата и понеделникот на американски, украински и европски претставници во Берлин.
Зеленски, сепак, истовремено предупреди дека Русија се подготвува за нова „година на војна“ во 2026 година.
Рускиот претседател Владимир Путин, од своја страна, вчера повтори дека целите на нападот врз Украина „ќе бидат постигнати без сомнение“.
Деталите за американскиот план по поднесените амандмани во Берлин не се познати. Киев протестира затоа што текстот предвидува територијални отстапки од негова страна.
Оригиналниот текст беше опишан од украинската влада и европските сојузници на Киев како премногу поволен за Кремљ.


