Нови провокации од Каракачанов: Ако Васил не ја претставува Македонија на Евровизија, ќе си го земат Бугарите

ВМРО на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов денеска излезе со партиско соопштение во кое вели дека ќе работи на тоа следната година Васил Гарванлиев да ја претставува Бугарија на Евросонг, доколку Македонија го повлече од овогодинешниот настап, пренесува Фактор.

– „Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее. Ние од ВМРО нема да толерираме засадување на негативни чувства против Гарванлиев, само затоа што не крие дека има бугарски пасош – исто како и скоро 100.000 наши браќа таму. И, ако младиот пејач се повлече од конкуренцијата, ќе ја повикаме Бугарија тој да биде испратен како нејзин претставник следната година. Сè додека ВМРО е во бугарскиот парламент, нема да дозволиме воинствен србомакедонизам во ЕУ, се вели во дел од соопштението на партијата предводена од бугарскиот министер за одбрана која е дел од владеачката коалиција.

Изминатите денови МРТ соопшти дека ќе формира комисија да го преиспита настапот на Гарванлиев откако првично во кадар на неговиот спот се појави уметничко дело кое потсетува на бугарското знаме, а потоа беше покрената петиција тој да не учествува на Евросонг.

Преку онлајн петиција се бара Васил Гарванлиев да не ја претставува Македонија на Евровизија

МРТ формирала комисија што ќе одлучува за евровизиската судбина на Васил Гарванлиев

Продолжуваат реакциите: Поддршка за Васил Гарванлиев од целиот свет

ВИДЕО | Гарванлиев со емотивно извинување до јавноста: Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови на моето срце во вашите раце

Ексклузивно за Слободен печат – Васил Гарванлиев: Некој очигледно сака да прави скандали без потреба

Петар Колев распали на социјалните медиуми: Гарванлиев, можат само да ти се фатат!

Оди и не свртувај се, Василе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот