Instagram
Фото: Инстаграм

МРТ формирала комисија што ќе одлучува за евровизиската судбина на Васил Гарванлиев

Македонската радио телевизија оформила комисија која ќе утврдува и одлучува што ќе се случи со нашиот годинашен претставник на „Евровизија“, Васил Гарванлиев.

Од јавниот сервис велат дека „членовите на интерната комисија ја анализираат состојбата од сите аспекти и деновиве ќе биде донесена конечна одлука“.

– МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ, соопшти Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

ВИДЕО: Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев вели дека има и бугарски пасош

ВИДЕО: Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев вели дека има и бугарски пасош

Ексклузивно за Слободен печат – Васил Гарванлиев: Некој очигледно сака да прави скандали без потреба

Петар Колев распали на социјалните медиуми: Гарванлиев, можат само да ти се фатат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот