ВИДЕО: Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев вели дека има и бугарски пасош

Instagram
Фото: Инстаграм

Деновиве како да не спласнува прашината околу спотот на евровизиската песна „Here I stand“ и македонскиот претставник Васил Гарванлиев.

Официјалниот спот на песната „Here I stand“ ќе се менува. Тоа следува по бурните реакции на јавноста и бројните евровизиски фанови за спорниот кадар во кој се појавува уметничкото дело од поставката во Даутпашиниот амам чии бои асоцираа на бугарското знаме. Спорниот кадар ќе биде отстранет од спотот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Сега се споделува ТВ-интервју на социјалните мрежи, во кое на прашањето во врска со државјанството на Македонија, Гарванлиев вели дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот