Продолжуваат реакциите: Поддршка за Васил Гарванлиев од целиот свет
По сите случувања околу спотот, потоа и изјавата дека поседува двојно државјанство, не престануваат превирањата околу нашиот годинешен претставник за „Евровизија“.
Препорачано
Прво на Интернет се појавија две онлајн петиции. Во едната се бара да се повлече Македонија од учеството, а во другата само да се повлече Васил како претставник.

Потоа на Интернет се појави исто така онлајн петиција за поддршка на Васил. Сега македонскиот претставник на својот Инстаграм – профил сподели фотографии со изрази на поддршка од целиот свет и новото т.н. движење #HereIStandWithVasil, именувано по неговата песна „Here I Stand“.

Поддршката што тој ја добива е од обожаватели на манифестацијата, дури од Латинска Америка, но и од официјалните евровизиски тимови.

На крај од објавата Васил сподели „скриншот“ од видеото од песната „Ѓердан“ испеана за Македонија и напиша подолг текст, кој завршува со:
„Ех, да си моиве очи денес, татковино моја! Дај ми сила да издржам за да можат да ја слушнат вистината!“
Во меѓувреме, МРТВ најави дека ќе го преиспита целиот случај и ќе излезе со официјален став.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
60мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


