Нови проблеми за НБА лигата: Екипите бараат одложување на драфтот
Екипите бараат да одржат тренинзи со пријавените играчи, да разговараат со нив, како и да добијат информација за нивната физичка форма што моментно е невозможно.
Драфтот на НБА лигата според најавите треба да се одржи на 25 јуни, но пандемијата на коронавирусот која ги запре скоро сите спортски натпреварувања во светот би можело тоа да го промени.
Препорачано
Од клубовите во најсилната кошаркарска лига на светот побараа драфтот да се одложи, односно истиот да не се организира пред 1 август.
Челниците на екипите ја објаснија причината дека немаат доволни информации за играчите кои се пријавија на драфтот и дека им е потребно повеќе време за да дојдат до клучните податоци, неопходни во процесот на драфтот.
Екипите бараат да одржат тренинзи со играчите, да разговараат со нив, како и да добијат информација за нивната физичка форма што моментно е невозможно.
И натаму нема никакви најави за тоа кога би продолжила сезоната во НБА лигата, а доколку тоа се случи во јуни или јули, тогаш мала е веројатноста е дека драфтот ќе се одржи според првобитниот план.
Додатен проблем е што и не можат да бараат видео записи од играчите кои се пријавија во драфтот и на располагање им се само снимките на интернет.


