Нови проблеми за Барселона: Пике, Бускетс, Алба и Роберто одбија намалување на платите

EPA-EFE/Alejandro García

Управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта се обидува да ја среди финансиската состојба на клубот, но наиде на нови проблеми и тоа во сопствените редови.
Каталонскиот тим доби негативен одговор од своите фудбалери кои не сакаат да им се намалат платите за 40 проценти за да може екипата да го реши проблемот со селари капот.

Жерар Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто ја одбија понудата на Барселона да им се намалат платите поради што клубот е принуден да се обиде со истата формула која ја прифати Лионел Меси, помала плата но подолг договор.
Актуелниот договор на Пике ќе му истече кога ќе наполни 37 години, Алба и Бускетс ќе имаат 35, а Роберто би имал 30 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот