Нови предупредувања: Еве колку далеку патува коронавирусот по кашлањето или кивањето

Поради пандемијата на коронавирусот општ совет во светот е да држиме дистанца од другите од минимум два метри…

Коронавирусот се шири и преку капките, што значи дека до зараза може да дојде доколку некој во наша близина кивне или се искашла. Досега се сметаше дека на далечина од два метри сме безбедни од заразата доколку лицето пред нас е заразено, но новата студија објавена во магазинот на Американската медицинска асоцијација го доведува во прашање основното тврдење за тоа колкава одалеченост е безбедна да не дојде до зараза.

Луѓето ширум светот се советувани да останат во домот без контакт со другите, а доколку излезат од домот да држат дистанца од минимум два метри од другите лица.

Сепак, студијата ја спроведе Технолошкиот Институт во Масачусетс (МИТ) и таа потврдува дека оваа оддалеченост нема да ве одбрани од вирусот.

Струдијата утврди дека капките по кивањето и кашлањето можат да патуваат и до осум метри во топла и влажна клима.

Оваа студија наведува дека не треба да се грижиме само за лицето кое се наоѓа покрај нас, капките по кашлањето може да се прошират и до 6 метри оддалеченост, а од кивањето и до 8 метри.

Како што наведуваат истражувачите, заразените микро-капки во воздухот може да се задржат и до 10 минути.

 

Видео снимките кои се снимени и анализирани од страна на научниците од Универзитетот во Бристол докажуваат дека капките создадени со кивањето може да патуваат и до брзина од 160км/час.

Токму поради ова тврдење се советува носот и устата да се прекријат кога кашлате или кивате со цел патогените да не допрат до воздухот и да се шират понатаму.

Затоа, носењето на маска е од голема важност во текот на пандемијата, како и носењето на очила бидејќи вирусот во нашето тело може да дојде доколку со неизмиени раце на кои се наоѓа вирусот ги допирате очите, носот и устата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот