Нови кредитни линии од ЕБОР и ЕУ за Западен Балкан

ЕБОР досега во Западен Балкан има инвестирано над 13 милијарди евра во над 700 проекти, вклучувајќи ги инфраструктурата, малите и средните претпријатија и зелената економија.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија ќе обезбедат дополнителна финансиска поддршка за малите и средните претпријатија во Западен Балкан за справување со последиците од корона-кризата.

Од Канцеларијата на ЕБОР во Скопје информираат дека Банката ќе обезбеди до 70 милиони евра нови кредитни линии за партнерски финансиски институции за натамошно кредитирање на локалните бизниси во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Европската Унија, пак, обезбедува 15 милиони евра наменети за идентификување на најдобрата достапна опрема и технологија.

– Земјите од Западен Балкан одговорија на пандемијата на корона вирусот со строги мерки во јавното здравство, кои имаа големо влијание врз економијата. Овие земји страдаат и од глобален економски пад и намалена побарувачка на нивните производи. ЕБОР и ЕУ преку Тимот Европа ги поддржува МСП во нивната амбиција да станат поконкурентни и да пронајдат иновативни решенија за справување со новите предизвици, се наведува во соопштението.

Потпретседателот за политика и партнерство во ЕБОР, Пјер Хеилброн вели дека остануваат посветени на поддршката на бизнисите, а според комесарот на Европската унија за проширување и соседска политика Оливер Вархеи, малите и средните претпријатија се витални за економиите на Западен Балкан кои треба да се поддржат.

– Заради тоа, ја градиме нашата долгорочна соработка со ЕБОР во регионот, за поддршка на МСП, не само во тековното работење, туку и во зајакнување на нивната отпорност и поставување основа за одржливо обновување, вели Вархеи.

ЕБОР досега во Западен Балкан има инвестирано над 13 милијарди евра во над 700 проекти, вклучувајќи ги инфраструктурата, малите и средните претпријатија и зелената економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот