Нови истражувања откриваат колку време коронавирусот се задржува на парите и на екранот од мобилниот

Мексико Сити/ Фото: Profimedia

Коронавирусот може да се задржи 28 дена на површини како што се банкноти, екрани на телефон или челик, велат научниците.

Според истражувањето на научници од Австрија, од агенцијата ЦСИРО, овој вирус може да се задржи многу подолго на некои површини отколку што порано се мислеше.

Вирусот најчесто го пренесуваат луѓето кога кашлаат, киваат или зборуваат. Меѓутоа, експертите наведуваат дека тој може да се шири со честички во воздухот, како и преку површини како што се метал и пластика.

Според претходните лабораториски истражувања, коронавирусот може да преживее два до три дена на банкнкоти и стакло и околу 6 часа на пластика или нерѓосувачки челик.

Меѓутоа, најновите истражувања укажуваат на „силна отпорност“ на вирусот кој може да преживее и до 28 дена на мазни површини, како што се стаклото од екраните на мобилните телефони, на пластика и банкноти на 20 степени Целзиусови, што е, како собна температура.

Заради споредба, вирусот на грип во исти услови може да преживее 17 дена.

– Утврдувањето колку вирусот може да преживее на површините ни овозможува точно да предвидиме и да го ублажиме неговото ширење и подобро да го заштитиме нашиот народ, рече еден од истражувачите Лари Маршал.

Во истражувањето ЦСИРО, кое е објавено во списанието „Вирусологија“ (Virology Journal), се наведува дека вирусот кратко време преживува на повисоки температури, и дека престанал да биде заразен во рок од 24 часа на температура од 40 степени Целзиусови на некои површини.

Сите експерименти се спроведени во темница, зошто е утврдено дека УВ светлото го убива вирусот.

Авторите наведуваат дека способноста на коронавирусот да се задржи на не’рѓосувачки челик на ниски температури може да ја објасни појавата на вирусот во постројките каде се обработува месо и во ладилниците.

Илјадници работиници се заразени од коронавирусот во погоните за преработка на месо и во кланиците ширум светот.

Други причини за заразување се работните услови кои подразбираат близина меѓу работниците, студено и влажно опкружување, како и потребата да се вика поради галамата која ја создаваат машините. Вирусот, исто така може да преживее на свежа и замрзната храна, наведува БиБиСи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот