Дрисла / Фото: Фејсбук

Нови директори назначени во уште две јавни претпријатија, од вчера раководат со „Дрисла“ и „Градски паркинг“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски назначи нови директори на уште две јавни претпријатија.

Од вчера, како што јавува телевизија „Телма“ со ЈП „Дрисла“ ќе раководи Стефче Трпковски, доскорешен градоначалник на Општина Сопиште од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.  Тој доаѓа на местото на Самир Хусени, кој оваа функција ја вршеше од февруари годинава и беше последен во низата директори именувани во мандатот на Данела Арсовска.

Нов в.д. директор доби и ЈП „Градски Паркинг“. Во ова претпријатие, каде досега директоруваше Мартин Гаврилски, е назначен Владимир Кроневски од Демократски сојуз.

Кроневски беше раководител на Секторот паркиралишта, но и помошник директор во ова претпријатие во мандатот на два претходни градоначалници, Коце Трајановски и Петре Шилегов. На новата функција доаѓа од директорското место во „Службен весник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот