Нови детали за терористката осомничена во Турција: Ја обучувале за шпионски задачи

Фото: Турско министерство за внатрешни работи

По апсењето на сириската државјанка Ахлам Албашир, која властите ја обвинуваат дека ја оставила бомбата која уби шестмина луѓе, а повреди преку 80, на улицата „Истиклал“ во Истанбул, турските медиуми објавија нови информации за неа.

Албашир наводно престојувала во куќата на сириски државјанин познат само како Б. во истанбулскиот кварт Есенлер. Медиумите пренесуваат дека двајцата се преправале дека се во брак за да не привлечат внимание. Таа, според властите, влегла во Турција пред четири месеци со маж, идентификуван како Б..

Според турските власти, двајцата осомничени поминале обука за разузнавање и шпионски акции. Тие никогаш не комуницирале преку интернет, за да ги намалат шансите да се дознае за нивните планови. Со „мозоците“ на акцијата, од кои примале наредби, комуницирале исклучиво преку посредници.

Од полицијатра велат дека продолжуваат да работат на апсењето на избеганиот член на ПКК/ИПГ.

Според медиумите, Албашир пред околу една година почнала да се обучува како членка на разузнавачката служба на ПКК/ИПГ.

Жената, која на денот на инцидентот добила пакет исполнет со бомба од лицето Б., седела на клупа на улицата 45 минути, во уште еден обид да не привлече внимание. Медиумите објавија снимки на кои се гледа како таа, непосредно пред страотната експлозија, бега низ метежот на преполната улица. По ова, според полицијата, таа фатила такси кон адресата во Есенлер.

ВИДЕО: Нови снимки од хоророт во Истанбул

Турските власти тврдат дека Албашир ја признала својата поврзаност со терористичка група, a нејзиното сослушување продолжува. Полицијата продолжува да трага по лицето Б., кое се претставувало како нејзин сопруг.

Која е осомничената за нападот во Истанбул?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот